Ваков изум немало, тренерот Жесус веќе мина 4 илјади километри и стигна до Сенегал во брилијантната акција на навивачите на Бенфика (Фото)

Навивачите на Бенфика на оригинален начин бијат битка против тренерот Жорж Жесус, кој не е омилен, особено по дебаклот во големото дерби на Лисабон и поразот на Орлите од Спортинг со 1:3 викендов.

Симпатизерите на најтрофејниот португалски клуб отворија интернет-страница со име „Да го вратиме Жож Жесус во Фламенго“ и со секој клик на анимацијата на која е мапата на светот, тренерот се одалечува за 100 метри од Бенфика и Лисабон, а се доближува до Рио де Жанеиро и до Фламенго, клубот од којштодојде, односно пак се врати во Бенфика.

Акцијата на навивачите е вистински трик и изум кој е оригинален, а според нив неомилениот тренер на Бенфика моментно има минато 4 илјади километри и се наоѓа во Сенегал на апликацијата што исто така е извонредно смислена и изгледа одлично.

Жесус може да го намали гневот на навивачите само ако утре Бенфика го победи Динамо Киев, а Барселона не слави победа во Минхен против Баерн, што би значело дека португалскиот клуб би играл во нокаут-фазата во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести