Навивачите на Бока направија спектакл, но потоа беа шокирани од пораката која ја носеше авион што прелета над нив (Видео)

Аргентинскиот гигант Бока јуниорс вечерва ќе го започне својот настап на Светското клупско првенство, а прв ривал им е Бенфика. Навивачите на Бока веќе неколку дена се во Мајами и ја загреваат атмосферата пред мечот.

Илјадници фанови пеат и се веселат на плажата во Мајами, градот кој полека се бои во сино-жолта комбинација.

Сепак, веселбата на фановите на Бока во еден момент беше прекината од еден авион кој прелета над нив. На прв поглед немаше ништо чудно што прелетува авионот, но потоа се забележа дека тој носи и една порака, која е навистина брутална за симпатизерите на Бока.

„Почивајте во мир затоа што вие умревте во Мадрид на 09.12.2018“, беше пораката која ја леташе авионот. Посочениот датум е денот кога Бока јуниорс во финалето на Либертадорес купот загуби со 3:1 од вечниот ривал Ривер плата во борбата за тоа кој тим ќе биде владетел во Јужна Америка.

- Оглас -

Најнови вести