16.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Навивачите на Бока со карван ќе ги испратат фудбалерите во Мадрид

Фудбалерите на Бока јуниорс утре во раните утрински часови ќе отпатуваат од Буенос Аирес за Мадрид, а навивачите најавија дека ќе ги придружуваат играчите на патот до аеродромот. Како што е познато, Бока јуниорс во недела, во Мадрид ќе игра со Ривер плате во битка за титулата во Копа Либертадорес (Лига на шампиони на Јужна Америка).

Се очекува илјадници навивачи на Бока да бидат дел од карванот, но полицијата објави дека карванот ќе може да биде со автобусот на играчите само до излезот од градот и нема да им дозволи да се доближат до аеродромот во главниот град на Аргентина.

Добра вест за Бока е што почна да тренира Кристијан Павон и можеби популарниот Кичан, или „КП7“, ќе може да помогне во недела вечерта.

И екипата на Ривер утре заминува во Мадрид и ќе има четири дена да се прилагоди на условите во главниот град на Шпанија. Тешко им падна одлуката да не се игра на нивниот стадион и само со нивни фанови на трибините, но мораа да се помират со компромисот.

- Оглас -

Најнови вести