Навивачите на Борусија Дортмунд сега му се смеат на Оливер Кан за ланскиот говор

Дортмунд ќе биде градот во кој многу туристи љубители на фудбалот ќе сакаат да бидат таму в сабота, бидејќи можно е да има голема прослава на шампионска титула.

Крајот на доминацијата на Баерн Минхен во германската Бундеслига е на повидок, Борусија со победа в сабота попладне против Мајнц, ќе ја освои титулата. Ако се случи тоа, се очекува стотици илјади луѓе да слават низ улиците на Дортмунд.

Фановите на Борусија потсетија на ланската изјава на директорот на Баерн, Оливер Кан, и сега му фаќаат сеир. Кога Баерн ја славеше ланската титула, Кан беше самоуверен дека неговиот клуб ќе биде првак и во 2022/2023.

„Слушам конкурентите се надевале дека следната сезона ќе ја освоеле титулата. Да им порачам нешто, нека не се надеваат“ – рече Кан пред фановите на Баерн.

Во минатата сезона Баерн ја освои титулата со осум бода пред Борусија и дојде до десеттата титула по ред, но сега на едно коло до крајот Баерн има два бода помалку од Борусија и само чудо може да му ја продолжи шампионската низа.

- Оглас -

Најнови вести