На капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн, кој игра за Тотенхем, вчера му беше приредено непријатно добредојде од фановите на Брентфорд.
Кејн пред 17 дена на Мундијалот во Катар утна пенал во четвртфиналето против Франција, што значеше елиминација на Англичаните.
На својот прв меч по утката, Кејн во дресот на Тотенхем гостуваше кај Брентфорд и даде еден гол, а навивачите на Пчелите му скандираа: „Ти дозволи твојата земја да загуби“.
Brentford fans sing "you let your country down" to Harry Kane pic.twitter.com/PcKNNThGwN
— UB1UB2 SOUTHALL (@UB1UB2) December 26, 2022