Навивачите на Челзи се хит – Бензема ја заборави пропусницата, коментарите се: Зошто го пуштивте? (Видео)

На социјалните мрежи е објавено интересно видео, а Карим Бензема беше во интересна ситуација на самиот влез на „Стемфорд бриџ“ откако ја заборави пропусницата.

Обезбедувањето го препозна, но реагираше според правилата, па стрелецот што го потопи Челзи со хет-трик мораше да почека да му ја донесат пропусницата.

Karim Benzema forgetting his pass before the match against Chelsea from soccer

По објавувањето на видеото, кое стана вирален хит на „Тик-ток“, има урнебесни коментари, најчесто од навивачите на Челзи, и на шега сите велат „Зошто го пуштивте“?.

Реал победи на првиот меч од четвртфиналето со 3:1 во Лондон, а Бензема беше стрелец на сите три гола за гостите од Мадрид.

Реваншот ќе се игра на 12 април од 21 часот на „Сантијаго Бернабеу“, а победникот од овој двомеч ќе игра полуфинале против подобриот од двомечот меѓу Манчестер сити и Атлетико Мадрид.

Првиот дуел меѓу овие две екипи заврши со победа на Сити од 1:0, а реваншот е во Мадрид на 13 април.

 

- Оглас -

Најнови вести