Навивачите на Динамо со пофалби во суперлативи го дочекаа Седлоски (Фото)

Актуелниот тренер на Шкупи, Гоце Седлоски, во играчката кариера дури шест години ги помина во дресот на Динамо Загреб. Некогашниот македонски репрезентативен дефанзивец пристигна во Динамо во 1999 година и за кратко време се претвори во вистински лидер на теренот.

Седлоски одигра над 150 мечеви за Динамо, а ја доби честа да ја носи и капитенската лента. Со борбената игра која ја покажуваше, Седлоски беше еден од омилените кај навивачите. Македонецот од Динамо си замина во 2004 година, а потоа една полусезона се врати да одигра и во 2005 година.

Иако помина повеќе од една и пол деценија откако Седлоски си замина од Динамо, навивачите на Модрите не го забораваат Гоце. Фановите на Динамо на официјалниот сајт на клубот на „Фејсбук“ не штедеа пофални зборови за сегашниот тренер на Шкупи, а некогашен капитен на најтрофејниот хрватски клуб.

- Оглас -

Најнови вести