Барселона со победа над лутиот градски ривал, Еспањол, на негов терен може да дојде до титулата од Ла Лига. Во пресрет на мечот, навивачите на Еспањол му се налутија за Ханси Флик и најавуваат дека ривалот го очекува вистински пекол на вечерниот меч.
По традиција, тренерите на двете екипи по официјалната прес-конференција излегуваат на стадионот да се фотографираат, а германскиот тренер веројатно од невнимание стапна на логото на Еспањол, што од противничките навивачи беше протолкувано како провокација и непочитување на нивниот клуб.
Que poca vergüenza 😢😢 tienes Hansi Flick y que poco estilo pisando el escudo del @RCDEspanyol , estos son los valores y el ADN 🧬 del entrenador del @FCBarcelona_es , que asco 🤮🤮 de técnico y de club ……😡😡🧪🦠
— predicador blanco (@PBlanco12487) May 14, 2025
Последните два натпревари помеѓу овие две екипи завршуваа со победа на Барселона. Есеноска беше 3-1 за Каталонците, додека во пролетниот дел од минатата сезона Барселона победи со 2-4 на стадионот на којшто ќе играат и вечерва.