Турската фудбалска ѕвезда, Арда Ѓулер, божиќната пауза во шпанската лига ја искористи да замине во Истанбул и се појави во просториите на неговиот поранешен клуб Фенербахче каде беше пречекан од играчите, стручниот штаб и раководството.
Претседателот Али Коч и тренерот Жозе Мурињо го пречекаа Арда кој сега игра за Реал Мадрид.
„Оваа посета многу ми значи. Тука секогаш ќе биде дел од моето срце. Би сакал да изразам неизмерна благодарност до моето семејство Фенербахче кое секогаш е со мене“, порача Ѓулер.