Хајдук и Динамо Загреб одиграа 1-1 во најголемото хрватско дерби, а како и многу пати, поинтересно беше на трибините отколку на терен.
Навивачката група од Сплит, „Торцида“, славеше роденден, а за време на средбата, на својата трибина на стадионот „Пољуд“ палеа украдени противнички знамиња на нивни ривалски групи. Сите овие знамиња кои беа запалени, беа фотографирани во една спортска сала.
Меѓу запалените знамиња имаше и знамиња на Србија, како и навивачки знамиња со амблемите на повеќе европски клубови.
https://twitter.com/i/status/1583519807814930433