13.8 C
Skopje
петок, 13 февруари 2026

Навивачите на Интер ќе го бојкотираат миланското дерби

Навивачите на Интер објавија соопштение со кое најавија дека планираат да го бојкотираат градското дерби со Милан на 5 февруари. Причина за протестот е, според нив, нерамномерната распределба на билетите за Дерби дела Мадонина.

Интер е симболичен домаќин во дуелот кој може да биде и еден од клучните во битката за титулата во Италија. Интер е лидер на Серија А со 53 бода и еден меч помалку, а на втора и трета позиција со по 49 бода се Наполи и Милан.

Поради ограничувањата поврзани со ковид-19, на стадион ќе може да влезат 40-тина илјади фанови, или 50 отсто од капацитетот, а според навивачите, тоа е премалку. Тие се разочарани и се шокирани што добиле малку билети за нивната трибина. Најавија дека ќе бидат на трибините, но нема да навиваат, нема да користат мегафони, знамиња, банери и нема да прават кореографија.

- Оглас -

Најнови вести