Навивачите на Манчестер јунајтед повеќе не можат да го трпат катастрофалното раководење на сопсвениците Глејзерс, па преку социјалните мрежи започнаа бојкот против клубот.
Хаштагот „Празен ‘Олд Трафорд’“ е актуелен на „Твитер“ и сè повеќе фанови на 20-кратниот англиски првак се приклучуваат на бојкотот. Целта е во следниот натпревар, кој Црвените ѓаволи треба да го играат на домашен терен, а тоа е дербито против Ливерпул на 22 август, да го остават стадионот со празни трибини, односно да бојкотираат пред популарниот „Театар од соништата“.
https://twitter.com/UtdWesleyy/status/1556968407425290240
Се повикуваат меѓу себе да не користат или да не купуваат ништо што е поврзано со Јунајтед, односно спонзорите на гигантот. „Мора да се случи“, „Не можеме повеќе да го трпиме овој срам“ се само дел од коментарите на „Твитер“ од разочараните навивачи.
Останува да се види дали навистина на 22 август големото англиско дерби ќе се игра пред празни трибини како што најавуваат фановите кои живеат во Манчестер.
Dear #MUFC fans:
• Uninstall the Man United App.
• Unfollow on all social media.
• Boycott all their sponsors.
• Don't buy their official merchandise.
• #EmptyOldTrafford from the next home game onwards.Hit them where it hurts the most.#GlazersOut #GlazersSellManUtd pic.twitter.com/0D9p4VKU4I
— διℜu (@SiruReddy_) August 9, 2022