Навивачите на Јувентус се разочараа: Алегри ги одби милионите од Саудиска Арабија

Масимилијано Алегри и следната сезона ќе биде тренер на Јувентус. Ова следува откако тренерот на Старата дама и официјално ја одби понудата на Ал-Хилал да седне на клупата на клубот од Саудиска Арабија.

Арапите на Алегри му нудеа двегодишен договор со кој би заработувал по 20 милиони евра годишно.

Познато е дека тренерот не е најомилениот лик на навивачите на Јувентус, кои „навиваа“ Алегри да си замине и да се пресели во Саудиска Арабија. Сега останаа разочарани од ваквата одлука и тој ќе продолжи да го води Јувентус и во иднина.

- Оглас -

Најнови вести