Навивачите на Јувентус во отворено писмо го нападнаа капитенот на тимот!

Навивачите на Јувентус го загубија трпението по серијата лоши резултати на нивниот омилен клуб. Старата дама има само две победи во првите седум кола од Серија А, а ги загуби и двата меча во Лигата на шампионите. По мечот со Монца, навивачите на Јувентус жестоко ги исвиркаа фудбалерите, а сега како еден од главните виновници го посочија капитенот Леонардо Бонучи.

Во писмо испратено преку социјалните мрежи, поентата е дека ако Бонучи бил добар војник, не значи дека ќе биде и добар генерал, односно ако бил добар во тимот, не значи дека ќе биде и добар лидер во екипата.

„Сведоци сме на неразбирливи сцени кои не смеат, односно смешни сцени кои ги смислуваат оние кои се поставени да бидат лидери, а се однесуваат како жртви. Бонучи никогаш не бил лидер, ниту ќе биде. Не бил ниту во Интер, ни во Тревизо, ни во Пиза, ниту во Бари, Милан или Јувентус. Ова се однесува и за оние кои му даваат поддршка. Во оваа ситуација на општа конфузија, каде што како во Јувентус така и на трибините постои анархија во која секој сака да биде шеф, сезнајко, водач и одговорна личност без харизма. Ако има хиерархиска скала, ќе има причина: Добар војник не значи дека ќе биде и добар лидер. Да се доведат играчите како жртвени јагниња и да гледаат додека од трибините ги исвиркуваат и навредуваат, создавајќи легитимирање на предизвикот еден месец по почетокот на сезоната, е едноставно апсурдно“, стои во дел од соопштението на навивачите на Јувентус.

Бонучи во сезоната 2017/18 избега од Јувентус во Милан, но само по една година помината меѓу Росонерите реши да се покае за својата грешка и се врати во Јувентус. Сепак, навивачите очигледно не му го имаат заборавено овој кикс и не го сакаат како лидер во тимот.

- Оглас -

Најнови вести