Во соработка со Адидас и бразилскиот цртач на графити, Едуардо Кобра, Јувентус го промовираше новиот дрес. Дресот веќе е во продажба и чини 100 евра.
Сепак, најголем дел од навивачите на Јувентус не се многу задоволни од новиот дрес, па имаше повеќе негативни реакции на социјалните мрежи.
„Не знам што е полошо, дали овој дрес или оваа сезона“, беше еден од коментарите на фановите на Јувентус.