Навивачката група на кошаркарскиот клуб Работнички по поразите на тимот од МЗТ Скопје и Сутјеска и заминувањето на еден од четворицата странци, објави соопштение во кое го нападна раководството на клубот во врска со финансиската состојба на клубот со најмногу шампионски титули во Македонија.
„ГНЕВОТ Е НАСЕКАДЕ!!!
Кој дојде ќе се слика, ќе продава магла и од сето тоа само РАБОТНИЧКИ страда.
Премногу прашања се поставуваат ама некој не може или не сака на тие да одговори.
Одговорете на следните прашања.
Дали е точно дека генералниот спонзор се повлекол од договорот со КК Работнички?
Дали е точно дека наместо 400.000евра (според договорот) за оваа сезона и 500.000 евра за идната сезона е потпишан некаков си АНЕКС (јавно објавете го исто како што беа објавени делови од договорот) на смешна сума во однос на тоа што следуваше?
Дали е точно дека средствата наменети за КК Работнички завршија и ќе завршат во други клубови и федерации?
Дали е точно дека имате неподмирени рати за минатата сезона и кога тие ќе ги исплатите?
Со огромна доза на гнев,
Група Гневни Граѓани“, стои во објавата на Сити парк бојс на „Фејсбук“.