9.8 C
Skopje
петок, 17 октомври 2025

Навивачите на Кристал палас ја продолжуваат војната со УЕФА (Фото)

Навивачите на Кристал палас ја продолжија војната со УЕФА и на мечот против Ливерпул во финалето од англискиот Комјунити шилд. Кристал палас како освојувач на ФА купот требаше да игра во Лигата на Европа, но УЕФА одлучи да ги префрли едно скалило подоле, во Конференциската лига, бидејќи имаат ист сопственик со француски Лион.

Тоа воопшто не им се допаѓа на навивачите на Кристал палас, па своето незадоволство го изразуваат на секој можен начин. На стартот од натпреварот со Ливерпул, на нивната трибина се појави транспарент на кој пишуваше „УЕФА мафија“, а беше запалена и пиротехника.

- Оглас -

Најнови вести