Кошаркарот на ЛА лејкерс, Леброн Џејмс, наскоро ќе го собори рекордот на Карим Абдул Џабар и ќе стане рекордер по бројот на постигнати натпревари во НБА-лигата, но навивачите на Езерцата се гневни на управата поради астрономските цени.
Џејмс моментно има само 62 поени помалку од легендарниот центар на Лејкерс, кој на 1.560 натпревари во регуларниот дел од НБА-сезоните постигна 38.387 поени.
Медиумите и навивачите очекуваат дека Џејмс рекордот ќе го собори за време на натпреварот против Оклахома сити тандерс што ќе се игра во „Крипто.ком“ арената во Лос Анџелес. Овој натпревар треба да се игра на 8 февруари и поради тоа цената на билетите од час во час се зголемува, па досега најскапиот билет ја достигна сумата од неверојатни 92.000 долари.
Поради високите цени големо е незадоволството кај навивачите кои најавија дека мечот ќе го следат преку ТВ-екраните, наместо од трибините во „Крипто.ком“ арената.
„Дали Исус ќе настапи на полувреме? Не сакам да платам ниту 92 долари за да го гледам како игра. Јас ќе го гледам мечот бесплатно на ТВ“, се најголем дел од коментарите на лутите фанови на ЛА лејкерс.