Лацио и Рома играат во четвртфиналето на Купот на Италија, а навивачите на двата тима беа во прв план пред почетокот на средбата. Околу 50.000 фанови на двата тима има на „Олимпико“, а пред почетокот на натпреварот, навивачите од двете страни направија хаос.
Лацио е во улога на домаќин, а во еден момент од двете ривалски страни почнаа да летаат факели, димни бомби и други пиротехнички средства. Засега нема информации за повредени.
#LazioRoma Lancio di fumogeni tra tifoserie nel pre partita pic.twitter.com/H2GgEEdvj6
— OcwSport.com (@ocwsport) January 10, 2024
Потоа атмосферата се смири и на почетокот на средбата имаше фешта, со хитот на AC/DC.