Навивачите на Лацио се собраа во пивницата на Хитлер, ги величаа фашизмот и Мусолини (Видео)

Навивачите кои ќе го бодрат Лацио на вечерашното гостување кај Баерн се собраа во Минхен, во пивница позната по собирите на фашистите во времето на Адолф Хитлер, кој таму држел говори.

Фановите на римските Орли се познати по своите фашистички ставови, па ја искористија приликата да направат скандал во Минхен и да пеат фашистички песни, да отпоздравуваат со поздрав од Стариот Рим и да го скандираат името на Бенито Мусолини-Дуче, кој беше фашистики лидер во Италија пред стотина години, до пред крајот на Втората светска војна.

Меѓу навивачите на Лацио се и поранешните членови на овој клуб, Романецот Штефан Раду и Босанецот Сенад Лулиќ, кои долго играа за Лацио.

- Оглас -

Најнови вести