Навивачите на Лејкерс се тресат, Леброн се повреди! (Видео)

Лос Анџелес лејкерс и Атланта хокс од 20.30 часот го започнаа својот натпревар од НБА лигата, по првото полувреме резултатот е 53-52 за Езерџиите, кои сепак се многу загрижени, бидејќи им се повреди главниот кошаркар Леброн Џејмс. Лејкерс веќе подолг период игра без Ентони Дејвис, па ако треба да играат и без Џејмс, ќе биде голем хендикеп.

Џејмс го свитка скочниот зглоб. Продолжи да игра после повредата, даде тројка, а потоа сепак го напушти теренот и замина во соблекувална. За 10 и пол минути на терен, тој имаше 10 поени и 4 асистенции, беше расположен, но американските медиуми објавија дека тој нема да се врати до крајот на средбата.

- Оглас -

Најнови вести