Навивачите на Левски Софија веќе се на трибините на Националната арена „Тодор Проески“, каде што од 21 часот ќе се игра мечот меѓу Шкупи и бугарскиот тим во рамките на квалификациите за пласман во Лигата на конференции.
Иако бугарските медиуми најавуваа дека најмалку 1.000 навивачи на Левски ќе присуствуваат на вечерашниот дуел во Скопје, а капитенот на тимот провоцираше дека тие ќе се чувствуваат како дома, бројката фанови кои допатуваа од Софија е помала од најавуваната.
Неколку стотици навивачи се сместени во сектор на Западната трибина на арената „Тодор Проески“ и засега нема провокации.