Езѓан Алиоски имаше заборавен настап против Тотенхем иако добро го почна дуелот во Лондон. Македонскиот репрезентативец направи прекршок по кој беше доделен пенал за домаќините и им го отвори патот до победата, меѓутоа навивачите на Лидс застанаа во негова одбрана.
На социјалните мрежи докажуваа дека прекршокот е направен надвор од шестнаесетникот, а не на линијата, па затоа не требало Тотенхем да добие пенал.
На една фотографија се гледа дека Алиоски го фаулира Бергвајн со ногата која не е во опасната зона.