Фудбалерите на Лион не треба да носат зелени копачки, сметаат навивачите на овој француски прволигаш. Викендов на трибините се појави транспарент на кој пишуваше „Почитувајте ја нашата традиција“ и знак со забрана за зелени копачки.
Причината поради која на навивачите на Лион им пречат зелените копачки е што нивниот најлут ривал, Сент Етјен, носи зелени дресови.
Инаку, дури 13-мина играчи на Лион имаат светлозелени копачки. Останува да се види дали спонзорот ќе се согласи за исфрлање на „зеленилото“ или желбата на навивачите нема да биде исполнета.