Навивачите на Ливерпул планираат на суд да се пресметаат со Европската фудбалска федерација (УЕФА) поради инцидентот кој се случи пред минатогодишното финале во Лигата на шампионите, во кое Црвените загубија од Реал Мадрид.
Околу 3.000 навивачи на Ливерпул поднеле тужби против УЕФА по неколку различни основи.
„Тоа беше мојот најлош ден во животот. И понатаму имам проблеми кога ќе се најдам во некаков метеж. И понатаму се будам ноќе, а кога размислувам за тоа, не можам да не заплачам. Имам шешќерна болест и дозите со инсулин што ги носев со мене во Париз беа уништени поради турканиците. УЕФА не ни го уништи тој ден, ни ги уништи и животите“, изјави Ендру Патерсон, кој е еден од навивачите на Ливерпул што ја тужеа УЕФА.
Пред финалето настана голема турканица пред портите на стадионот „Франција“ во Париз, поради што натпреварот доцнеше 36 минути. Причина за доцнењето, според УЕФА и париската полиција, беше тоа што поголем број навивачи на Ливерпул ги прескокнале капиите и влегле на стадионот без билети, додека неколку илјади фанови коишто имаа билети останаа пред стадионот.
Истрагата што ја спроведе францускиот парламент покажа дека вината за инцидентите и метежите ја сносат полицијата и УЕФА поради слабата организација.