Навивачите на Ливерпул може да здивнат: Одбиена неверојатна понуда за Салах

Раководството на Ливерпул ја одби веројатно последната понуда за Мохамед Салах која пристигна од Ал-Хилал, а која изнесуваше неверојатни 150 милиони фунти.

Црвените на чело со Јирген Клоп по секоја цена сакаат да го задржат репрезентативецот на Египет, кој е една од најголемите ѕвезди на Ливерпул.

Медиумите во Саудиска Арабија известуваа дека Мохамед Салах веќе пристигнал во земјата и се чека само официјален потпис, но сето ова беше децидно демантирано од страна на Јирген Клоп на утринската прес-конференција на Ливерпул.

Подоцна стигна и информацијата дека понудата на Ал-Хилал и официјално е одбиена и веројатно тука завршува сагата околу Салах кој најмалку до лето ќе остане на „Енфилд роуд“.

- Оглас -

Најнови вести