Еден англиски интернет-портал објави ексклузивни фотографии од изгледот на новиот дрес на Ливерпул за следната сезона 2020/21, кој ќе биде од новиот спонзор на клубот, гигантот за спортска опрема „Најки“. Ливерпул досега користеше дресови кои ги правеше „Њу баланс“, а од следната сезона за нивната опрема ќе се грижи американската компанија, па очекувањата беа големи.
Според првичните реакции, фановите на Ливерпул не се премногу импресионирани од новиот дрес на кој ќе има и тенки зелено-бели линии на ракавите и крагната, како надополнување на истите бои кои ја разбиваат доминантната темно црвена боја и на логото на клубот. Негативните коментари се дека дресот изгледа евтино, дека е како за велосипедисти, а не фудбалери, дека ако навистина биде таков, нема да го купат итн.
Овој дрес не смее официјално да биде претставен пред 1 јуни.