Навивачите на Ливерпул почнаа да собираат пари за доведување на Мбапе

Под името „Да го земеме Мбапе во Ливерпул“ отпочна акција за собирање пари со кои клубот од „Енфилд“ би ја купил француската фудбалска ѕвезда. Фановите планираат да соберат 250 милиони фунти.

„Има 100 милиони навивачи на Ливерпул низ светот. Ако секој од нив донира по 2,5 фунти, тоа ќе бидат доволно средства за да се ангажира Мбапе. Ајде да ги здружиме силите“, стои во петицијата, а иницијатор е навивачот Џејмс Смит.

Ливерпул во минатата сезона беше првак на Премиер лигата со 99 освоени бодови, но сезонава не му оди и може да остане без настап во Лигата на шампионите или Лигата на Европа, што би било дебакл. Главните играчи на Ливерпул се на 30 или околу 30 години, се најавува заминување на Мохамед Салах, па потребно е освежување. Мбапе има договор со ПСЖ до 2022 година, а за 22-годишниот Французин одамна се интересира и Реал Мадрид.

Ако Ливерпул остане без ЛШ за следната сезона, тогаш шансите да го купат Мбапе се никакви, но навивачите не се откажуваат. Засега се собрани 2.300 фунти. Ако не успеат да соберат 250 милиони, парите ќе заминат во фондацијата ЛФК.

- Оглас -

Најнови вести