Ливерпул забележа истриска победа на гостувањето на „Олд Трафорд“ против најголемиот ривал Манчестер јунајтед, откако гостите славеа со неверојатни 5:0. Уште од самиот старт се најави дебаклот за Манчестер, кога Кеита погоди по само пет минути игра, а Жота во 13 минута зголеми на 2:0.
Во продолжение на мечот, свое шоу имаше Мохамед Салах. Голгетерот на Ливерпул даде два гола во финишот на првото полувреме, а на стартот од вториот дел го комплетираше хет-трикот за 5:0.
Дел од навивачите на Манчестер јунајтед во немоќ, неможејќи да го гледаат овој дебакл, си заминаа од „Олд Трафорд“ уште на почетокот од второто полувреме. За разлика од фановите на Манчестер, тие на Ливерпул задоволно скандираа, а интересно е дека решија да го „задеваат“ и тренерот на Манчестер, Оле Гунар Солскјер. Фановите на Ливерпул пееја „Оле мора да остане“.
“Ole must stay” and “Ole’s at the wheel”, Liverpool fans are chanting at Old Trafford as @JamieJackson___ reports.
#MUFC #LFC #MUNLIV
Man Utd are down 5-0 and with Paul Pogba sent off. pic.twitter.com/Yvomn65Jzh
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) October 24, 2021