12.8 C
Skopje
вторник, 18 ноември 2025

Навивачите на Македонија и на Велс одиграа пријателски меч (Фото+Видео)

Тимови составени од македонски и велшки навивачи попладнево си ги одмерија силите на фудбалски терен како увертира за она што ќе се случува вечер во Кардиф, кога во квалификациски меч за СП ќе играат Велс и Македонија.

Фановите беа пријателски расположени, на сите дружбата им беше на прво место, а за весела атмосфера се погрижија наши навивачи кои беа на трибините.

Вечерва актерите на овој ревијален меч ќе бидат на спротивни страни, но сега се неразделни и во позитивно расположение го чекаат почетокот на мечот кој ќе одреди кој ќе има подобра позиција при ждрепката за баражите за СП.

Нашите навивачи на крајот победија со 7:3, да се надеваме дека ќе се радуваме и по вечерниот дуел на сениорските селекции.

- Оглас -

Најнови вести