Навивачите на Малме „ќе ја рушат“ статуата на Ибра поставена само пред еден месец

Златан Ибрахимовиќ со години беше фудбалскиот херој на Малме, тимот во кој легендарниот голгетер ја започна кариерата. Во чест на најпознатиот играч на овој клуб, пред стадионот на Малме минатиот месец беше поставена статуа од Ибрахимовиќ, а на отворањето присуствуваше и самиот играч. Статуата е висока 2,7 метри, а тешка речиси половина тон. Многу деца и фанови на Малме и Ибрахимовиќ присуствуваа на поставувањето на статуата.

За малку повеќе од еден месец, Ибрахимовиќ успеа од херој да се претвори во омразен играч на навивачите на Малме. Златан се појави во дрес на ривалот Хамарби од Стокхолм. Популарниот Ибра ги купи половина од акциите на клубот и даде изјава која ги налути фановите на Малме.

„Ќе му помогнам на Хамарби да стане најдобриот клуб во Скандинавија“, рече Ибрахимовиќ по купувањето на клубот.

Од ваквиот потег на Ибра, гневни останаа фановите на Малме.

„Златан го загуби своето значење во Малме. Мисли дека сме среќни поради тоа што го направи? Не сме среќни. Неговата статуа веќе нема никакво значење бидејќи тој сака друг клуб да биде подобар од клубот кој него го создаде. Тој сега во историјата на Малме ќе остане како играчот кој е продаден за 80 милиони круни“, стои во соопштението на фановите на Малме.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести