Бразилецот Фред често беше критикуван за лошите настапи за Манчестер јунајтед, но вечерва со еврогол за победа од 1:0 против Кристал Палас го спаси дебито на новиот тренер Ралф Рангник.
Фред во 77. минута успеа со десната нога да погоди од 17-18 метри во спротивниот агол на голот на Гваита.
https://twitter.com/if_fred/status/1467518816485888007?s=20
Ралф Рангник за првпат го предводеше англискиот гигант од клупата, откако потпиша договор до крајот на сезоната.
Пред голот на Фред, чист зицер за Кристал Палас во 75. минута промаши Џордан Ају.
По победата од 1:0, прва во ерата на германскиот стратег Манчестер јунајтед се проби на шестата позиција во Премиерлигата со 24 бода, 11 помалку од лидерот и градски ривал Манчестер сити по 15 кола.
Кристал Палас е дванаесетти со 16 бода. Во истиот термин од 15 часот Тотенхем го победи Норич со 3:0, а Лидс и Брентфорд одиграа 2:2.