26.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Навивачите на Манчестер јунајтед повторно ќе протестираат против раководството

Навивачите на Манчестер јунајтед за во четврток закажаа нов протест против раководството на клубот, на кој ќе се одбележат 20 години од преземањето на Црвените ѓаволи од страна на семејството Глејзер.

Протестот го организираат неколку навивачки здруженија, а ќе се одржи на меч на Јунајтед оф Манчестер, клуб кој го основаа незадоволните навивачи во 2005 година. Токму оттогаш трае незадоволството кај дел од навивачите, кои точно пред 20 години се разделија на оние кои се „За“ и оние кои се „Против“ преземањето на клубот од семејството Глејзер.

На протестот ќе присуствуваат и организациите кои тогаш го поддржаа Глејзер, па ова ќе биде и обид за повторно обединување.

- Оглас -

Најнови вести