Навивачите на Манчестер се многу сериозни: Упатија ултиматум во четири точки

Манчестер јунајтед може службено да го загуби неодиграното дерби против Ливерпул, но тоа не е најлошата вест за газдите на Црвените ѓаволи. Навивачите на најтрофејниот англиски клуб вчера упаднаа на „Олд Трафорд“ и едноставно не дозволија да се одигра најголемото дерби во земјата, протестирајќи против работата на газдите.

Американското семејство Глејзерс повеќе од една и пол деценија се на чело на Манчестер јунајтед, а револтот на навивачите за работењето на газдите беше одлуката клубот да се приклучи кон Суперлигата. Иако постои можност Манчестер на „зелена маса“ да го загуби дербито против Ливерпул, навивачите најавуваат дека ова е само почеток на нивните протести. Тие упатија ултиматум во четири точки кои треба да ги спроведат првите луѓе на клубот и тоа до петок.

„Сакаме сите јасно да знаат дека никој од нас не сакаше да се случи тоа што се случи на Олд Трафорд. Ние сме фудбалски фанови и сакаме да го бодриме нашиот омилен тим. Тоа што се случи е кулминација на 16-годишното лошо работење на семејството кое е сопственик на клубот. Во овие 16 години ниту еден од членовите на семејството Глејзер ниту еднаш не излезе да разговара со нас. Затоа сега им даваме ултиматум во четири точки кој треба да го спроведат до петок“, стои во дел од соопштението на навивачите на Манчестер.

Во дел од барањата стои дека се бара поставување на независни директори на челните позиции кои ќе работат во корист на клубот, а не во корист на акционерите.

 

- Оглас -

Најнови вести