Навивачите на Милан го избраа напаѓачот кој сакаат да го видат на „Сан Сиро“, фановите на Интер ќе збеснат ако се реализира трансферот

Милан во зимскиот преоден рок ќе мора да купува напаѓач и додека медиумите пишуваат дека прва цел е Џонатан Дејвид од Лил, навивачите на Росонерите имаат друг фаворит кој доколку пристигне на „Сан Сиро“, ќе ги налути фановите на градскиот ривал Интер.

Италијанскиот портал „Калчомеркато“ спроведе анкета меѓу фановите на Милан за тоа кого сакаат да го видат во својот тим и изненадувачки најмногу гласови доби Мауро Икарди.

Аргентинецот откако потпиша за Галатасарај, игра во животна форма, сезонава постигна 16 гола на 22 меча и дури 43 отсто од навивачите сакаат да го видат на „Сан Сиро“ во јануари. Дејвид е втор фаворит кај навивачите со 40 отсто.

Мауро Икарди дури шест години, од 2013 до 2019 година, го носеше дресот на Интер и беше миленик на навивачите на Нераѕурите.

Доколку тргне по потписот со Икарди, Милан може да има голема конкуренција во Реал Мадрид, кој исто така бара напаѓач во зимскиот преоден рок кој би требало да го замени повредениот Винисиус жуниор.

- Оглас -

Најнови вести