Минатото коло на Спортска прогноза покажа дека дури и кога над 90 отсто од играчите типуваат на еден „сигурен“ знак, тоа не е најава за погоден меч. Во викендов кој следи, на понуда се 13 дуели од топ-5 лигите во Европа, што треба да биде олеснување за сите играчи.
Милан игра дерби против Наполи, а Росонерите се надеваат дека ќе успеат да ја искористат лошата атмосфера кај противникот и фактот дека тимот од Неапол нема победа на последните четири средби во Серија А. Сепак, Милан одамна не бил толку слаб, па по 12 меча, има само четири победи и е на 14-тото место на табелата.
Слична е ситуацијата и со најтрофејниот англиски клуб, Манчестер јунајтед. Црвените ѓаволи ја имаат најлошата сезона во Премиер лигата само со 16 освоени бода на 12 средби. Колку и да делува чудно, Манчестер ќе гостува кај подобропласираниот Шефилд јунајтед, но сигурно е дека фановите на тимот од „Олд Трафорд“ очекуваат сигурна победа.
Покрај овие два меча, остануваат уште 11 интересни дуели како предизвик да се стигне до „Среќна 13-ка“ и да се освои мобилен телефон IPhone XS. Секогаш подароци има и за оние со 12 и 11 погодени, а тоа се вредносни ваучери од по 1.000 i 500 денари во Sport Life обложувалниците.