19.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Навивачите на Милан и славеа и тажеа: Тешките времиња ќе ги минеме заедно – Добредојде назад Ибра

Со овации навивачите на Милан го поздравија кам-бекот на Златан Ибрахимовиќ, а во преден план беше транспарентот со порака: „Тешките времиња ќе ги минеме заедно, Ибра добредојде назад“.

Дека тешките времиња за гигантот не се минати и кризата уште трае потврди и ремито без голови денеска против Сампдорија.

Ибрахимовиќ играше од 55. минута, со неколку потези покажа дека ќе биде значаен во обидот на гигантот од Милано да се тргне напред, но Милан продолжи со распродажба на бодовите.

Токму еден друг транспарент на навивачите со едноставна порака, Аталанта – Милан 5:0, ја потсети Управата на росонерите дека дебаклот во Бергамо со кој „црвено-црните“ завршија една асполутно неуспешна година не е заборавен.

Како стојат работите ако Милан драстично не ја подобри формата и сезонава Европа ќе биде далеку за 7-кратбиот европски шампион. Ибрахимовиќ им дава надеж на миланезите и нивните симпатизери, но заостанувањето од 7 бода до европскиот хоризонт е се уште големо за Милан.

- Оглас -

Најнови вести