21.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Навивачите на Милан вечерва ќе протестираат, само победа може да ги смири

Четири порази во првите седум меча секако не е старт кој го очекуваа фановите на Милан. Уште во првиот дел од сезоната Росонерите покажаа дека се далеку од трката за висок пласман. Поради проблеми со финансискиот фер-плеј, Милан сам се откажа од учество во Лигата на Европа, што е дополнително разочарување за навивачите, кои останаа без мечеви од европски карактер.

Според најавите на „Газета дело Спорт“, фудбалерите на Милан вечерва нема да имаат поддршка од своите навивачи затоа што фановите најавиле дека во текот на целиот меч ќе бојкотираат со молчење. На „Сан Сиро“ се очекува да има околу 50.000 навивачи, но атмосферата најверојатно ќе биде театарска.

 

- Оглас -

Најнови вести