Лучано Спалети на Наполи му ја донесе првата титула шампион на Серија А по 33 години, но реши да си замине од клупата на италијанскиот првак. Тој останува омилен лик на навивачите, но не беше така од почетокот.
Двегодишниот престој во Неапол започна лошо за него бидејќи навивачите незадоволни од резултатите, му го украдоа автомобилот, а со транспарент на еден од натпреварите му порачаа дека ќе му го вратат кога ќе си оди од Наполи.
https://twitter.com/sportbible/status/1666130213531529216?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1666130213531529216%7Ctwgr%5E4d0c797e66442988968212b72b101511cb35820b%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fdonio-im-je-scudetto-a-navijaci-su-mu-ukrali-auto-sad-su-mu-vratili-njegov-dio%2F2469542.aspx
По две години дојде и моментот Спалети да си оди, но како шампион на Италија, а на прес-конференцијата за збогум се појавија и навивачите на Наполи со истиот транспарент, но и со пакет адресиран до тренерот. Во кутијата беше воланот од автомобилот „фијат панда“, како и два диска со музика кои биле во фијатот, а Спалети сето ова го прифати со смеа и потпиша дека автомобилот му е вратен.
https://twitter.com/sportbible/status/1666130222041772033?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1666130222041772033%7Ctwgr%5E4d0c797e66442988968212b72b101511cb35820b%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fdonio-im-je-scudetto-a-navijaci-su-mu-ukrali-auto-sad-su-mu-vratili-njegov-dio%2F2469542.aspx