Елиф Елмас ќе биде нашата следна голема ѕвезда и беше најдобриот играч на теренот против Интер. Штета што не погоди, бидејќи заслужи гол поради квалитетот, знаењето и борбеноста, коментираат навивачите на Наполи по поразот од Интер.
Ако нашиот репрезентативец добива само комплименти, тогаш критиките се насочени кон шпицот Аркадјуш Милик.
„Милик треба да се засрами, но не за лошиот настап, тоа може секому да му се случи, туку поради незаинтересираноста на терен. Да имавме помалку како него против Интер и повеќе како Елмас, немаше да загубиме“, се дел од коментарите на најверните навивачи на Наполи.
Elmas sta diventando un gigante.
Milik vergognoso, spiace dirlo.
Buon Napoli.— Raf (@RaffaeleNaples7) July 28, 2020
Елмас имаше прекрасна соло акција во првото полувреме, кога во стил на голем фудбалски мајстор со прекрасни дриблинзи ја измеша одбраната, но ударот му беше блокиран и замина крај голот. Имаше можност да постигне гол и во второто полувреме, но не успеа да погоди.
Сепак, одлично одигра, иако Наполи загуби на „Џузепе Меаца“ со 2:0 и беше меѓу тројцата најдобро оценети играчи заедно со Кулибали и со Зјелински во таборот на гостите.
Alberto Elmas Tomba #InterNapoli
— Napoli1212 (@napoli1212) July 28, 2020
Наполи има уште еден меч за доигрување во Серија А, а потоа следува вистинското искушение и реванш-дуелот со Барселона во осминафиналето на Лигата на шампионите. Ќе се игра на 8 август веројатно на „Камп ноу“, иако можно е поради зголемениот случај на заразени со ковид-19 во Шпанија и во Барселона, мечот да се игра на „Луж“ во Лисабон.
Првитот дуел во Неапол заврши нерешено 1:1.