13.8 C
Skopje
недела, 9 ноември 2025

Навивачите на ПАОК со јасна порака: „Дајте му црвен картон на Израел!“ (Фото)

ПАОК и Макаби Тел-Авив одиграа без голови, 0-0, на отворањето од новата сезона од Лигата на Европа, а мечот го обележаа паролите и извиците од трибините против Израел, но и со поддршка на Палестина.

Навивачите на ПАОК истакнаа транспарент на кој пишуваше: „Стоп на геноцидот. Дајте му црвен картон на Израел“. Од трибините се слушаа и извици: „Слобода за Палестина“ и „Бојкот за Израел“.

Најавите беа дека УЕФА на состанокот во вторник ќе одлучува за суспензија на Израел, но до такво нешто не дојде, пред сè, поради дипломатскиот притисок од САД.

- Оглас -

Најнови вести