Партизан во својата „Арена” во Белград игра против Баерн Минхен во меч кој е прв по оставката која ја даде тренерот Жељко Обрадовиќ.
Легендарниот стратег си замина, а навивачите постојано протестираа во надеж дека ќе успеат да го премислат и да се врати на клупата.
Тоа не се случи, но затоа фановите во „Арената“ на секој ќош носеа маици и постери со ликот на Обрадовиќ. Едноставно „духот” на Обрадовиќ уште е во Партизан.

