Партизан се пласира во групната фаза од Конференциската лига откако синоќа во Белград, пред своите навивачи, со 2:0 ја победи Санта Клара. Овој триумф на Црно-белите беше доволен да се анулира негативата од 1:2 по првиот меч во Португалија, па Србија ќе има свој претставник во новото натпреварување на УЕФА.
Со самиот пласман во групната фаза, Партизан заработи три милиони евра премија од УЕФА. Сепак, дел од овие пари може да завршат како казна во УЕФА откако фудбалерот на Санта Клара, Алано, се пожали кај судијата дека бил навредуван на расистичка основа од домашните фанови.
Поред почетокот на мечот, челниците на Партизан упатија молба до своите навивачи да бидат мирни и да не прават никакви испади затоа што УЕФА е ригорозна и може жестоко да ги казни. Сепак, не можеа сите навивачи да ја послушаат оваа молба од Партизан и повторно се случи инцидент на расистичка основа.
Reports that Santa Clara’s Allano was racially abused by a section of the Partizan Belgrade supporters tonight in Serbia.
Absolutely disgusting and shameful behaviour. pic.twitter.com/seMIAGX2KG
— Próxima Jornada (@ProximaJornada1) August 26, 2021