Навивачите на Партизан смислија хит-песна против Манчестер јунајтед (Видео)

Фудбалскиот клуб Партизан се пласираше во групната фаза од Лигата на Европа. Еден од ривалите ќе им биде славниот Манчестер јунајтед, а фановите на белградските „црно-бели“ почнаа да се загреваат за мечот на 24 октомври со трофејниот англиски клуб.

Прв ривал на Партизан во ЛЕ е холандски АЗ Алкмар, но тој дуел в четврток ќе се игра без публика.

При гостувањето кај Пролетер во Нови Сад, навивачите на Партизан пееја една песна која за многумина е смешна, но за еден месец ќе треба сите фанови на клубот да ја знаат и да ја пеат на 24 следниот месец.

Во песната се велича дефанзивецот Немања Милетиќ, кој има прекар Ќелав.

„Олео, лео, лео, Манчестер е село, ќелавиот е подобар од Погба“, скандираа и повторуваа Гробарите на трибините во Нови Сад.

https://twitter.com/i/status/1173021321262960643

- Оглас -

Најнови вести