Црвена ѕвезда и во реваншот е доминантна во однос на ерменскиот Пјуник, па српскиот првак ќе игра бараж за влез во групите од Лигата на шампионите. Во Ереван нема неизвесност на теренот, па и на трибините е опуштено и фановите на двата клуба навиваат заедно.
Најпрвин навивачите на Пјуник истакнаа транспарент на кој пишува „Карабах е Ерменија, Косово е Србија“, по што Делиите вратија со скандирање „Православци“, за што добија аплаузи од домашните.
Ерменија е во повеќегодишен спор околу областа Карабах, која официјално му припаѓа на Азербејџан, но е под контрола на Ерменците кои таму се во големо мнозинство.