Навивачите на Порто го „запалија“ градот при прославата на титулата (Видео)

Иако има уште две кола до крајот на шампионатот во Португалија, Порто веќе го обезбеди тронот и по една сезона пауза го вратија пехарот во своите витрини.

Веднаш по потврдата дека се новите шампиони, навивачите на Порто започнаа да слават низ градот. Тоа славје трае два дена, па најверните фанови синоќа приредија фешта со пиротехнички материјали. Распоредени низ целито град, навивачите во ист моемнт запалија поголем број на факели и едноставно „го запалија“ градот.

https://youtu.be/fmjcWH_HfwE

 

- Оглас -

Најнови вести