Екипата на Мореиренсе направи големо изненадување откако со 2:1 го победи Порто и го елиминира од Купот на Португалија. Порто прв даде гол, но потоа се случи чудо откако Мореиренсе успеа прво да израмни на 1:1 до полувремето, а со погодокот на Алан од пенал во 77-мата минута го комплетира пресвртот и го победи Порто.
По завршувањето на мечот, навивачите на Порто се собраа пред стадионот Драгао и го пречекаа автобусот со фудбалерите и стручниот штаб. Гневните навивачи скандираа против управата и играчите, а беа фрлени и неколку петарди.
Претседателот на клубот, Андре Виљаш-Боаш, и спортскиот директор, Жорге Коста, се обидоа да ги смират навивачите, но Боаш беше наречен „предавник“.
Порто има три порази по ред во сите натпреварувања. Освен елиминацијата во Купот, португалскиот гигант загуби убедливо и во првенството од Бенфика со 4:1, а претходно беше поразен и од Лацио во Лигата на Европа.
Tension palpable à l’arrivée du bus du FC Porto au stade du Dragão, après la défaite face à Moreirense en Coupe du Portugal.
— Actu Foot PT (@ActuFootPT) November 24, 2024