Навивачите на ПСЖ дојдоа пред куќата на Нејмар и скандираа дека е време да си замине

Пари Сен Жермен ќе комплетира уште една сезона со титула од првенството, но сепак тоа не е доволно за да се смета за успешна. Светците беа елиминирани од двата Купа во Франција, а брзо ја завршија одисејата и во Лигата на шампионите, каде што мечтаат за трофеј.

Токму поради ваквиот расплет, фановите на ПСЖ денеска прво се собраа пред просториите на клубот и протестираа барајќи оставки од челниците. Освен против главните луѓе на ПСЖ, во протестите се скандираше и против Нејмар. Бразилскиот ас не е омилен кај фановите на ПСЖ, па не беа чудни скандирањата „Нејмар оди си“ и „Отказ за Нејмар“.

https://twitter.com/i/status/1653806313472655361

Протестите на навивачите од пред седиштето на клубот потоа се префрлија и пред домот на Нејмар. Еден од од фановите пристигнаа пред куќата на Нејмар и повторно скандираа дека Бразилецот веќе не е посакуван во нивниот клуб и дека треба да си замине.

Нејмар има договор со ПСЖ до јуни 2025 година, што значи дека фановите на ПСЖ ќе го гледаат и во следните две сезони доколку не се случи нешто тој да биде продаден. Цената за Бразилецот изнесува 100 милиони евра.

https://twitter.com/i/status/1653850309502947330

Освен заминување на Нејмар, тука беа и скандирањата против Лионел Меси, кој веќе извесно е дека ја заврши кариерата во ПСЖ. Неговиот договор истекува за еден месец, а Аргентинецот сега е суспендиран поради непочитување на клупските правила.

https://twitter.com/i/status/1653808586542264321

 

 

- Оглас -

Најнови вести