Навивачите на ПСЖ му дадоа мотив повеќе на Мбапе што побрзо да си замине од клубот

Килијан Мбапе се истакна како најдобар играч на ПСЖ во двомечот против Реал Мадрид, но тоа не беше доволно за францускиот тим да помине во наредната фаза.

Разочарувањето кај фудбалерите и особено кај навивачите е големо, а тоа беше искажано на последната средба од првенството против Бордо, каде што ултрасите упатија силни свирежи кон Нејмар и Лионел Меси.

Јасно е дека тие одиграа под очекувањата, но таквиот потег дополнително го разочарал Мбапе, којшто и онака е на излезни врати.

Најголемите спортски светски медиуми веќе на големо најавуваат дека тој има преддоговор со Реал, а шпанската „Марка“ тврди дека ваквиот потег на фановите ѝ дал уште една причина на суперѕвездата по крајот на сезоната што побрзо да си замине од ПСЖ.

Мбапе во главниот град на Франција пристигна од Монако во трансфер вреден 185 милиони евра, додека ПСЖ сега нема да добие ниту едно евро од неговото заминување.

- Оглас -

Најнови вести