Навивачите на ПСЖ сè уште се бесни, го влечеа Курзава од автомобил за да го тепаат (Видео)

Лајвин Курзава имаше многу непријатна епизода во Париз, а избегна линч од навивачи на Пари Сен Жермен, кои се обидоа да го извлечат од автомобил.

Инцидентот е забележан со камера од телефон, а Курзава сепак куртули од посериозна ситуација и избегна поголем физички контакт со хулиганите.

Навивачите на ПСЖ сè уште се бесни по минатонеделната елиминација на клубот во осминафиналето во Лигата на шампионите од Реал Мадрид.

Светците отпатуваа на реваншот во Мадрид со предност од 1:0, потоа и први поведоа на „Сантијаго Бернабеу“, но и прокоцкаа предност од два гола и со три примени гола од 61-вата до 78-мата минута, со пораз од 3:1 и со вкупен скор од 3:2, беа елиминирани во осминафиналето во ЛШ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести